Министерот за одбрана прогласи победа на претседателските избори во Индонезија

Избори во Индонезија

Министерот за одбрана прогласи победа на претседателските избори во Индонезија

Министерот за одбрана на Индонезија, Прабово Субианто прогласи убедлива победа на претседателските избори во Индонезија, кои се сметаат за тест за демократскиот напредок на земјата од крајот на диктатурата на Сухарто пред 25 години.

„Оваа победа е победа за сите Индонезијци. Сега кога предизборната кампања заврши, мораме повторно да се обединиме“, им рече Прабово на приврзаниците во Џакарта.

Според првичните резултати, министерот за одбрана оствари убедлива победа над двајцата противкандидати, Аниес Басведан и Ганјар Праново.

Видете и ова: Индонезија бира нов претседател


Претседателот на Индонезија во заминување, Јоко Видодо, владееше со нацијата богата со ресурси од 270 милиони жители во текот на една деценија на постојан раст и релативна политичка стабилност. Видодо ја направи Индонезија идна база за мултинационални компании во синџирите за снабдување со електрични автомобили.

Сепак, Видодо често беше критикуван за време на кампањата за наводно политичко мешање и обиди да се воспостави политичка династија.

Тој директно не поддржа ниту еден претседателски кандидат, но во јавноста се појави со поранешниот командант на специјалните сили и министер за одбрана Прабово Субианта, а најстариот син на Видодо е негов кандидат за потпретседател.

Видете и ова: Претседателски и парламентарни избори во Индонезија


Спроведувањето на избори е голема задача во Индонезија. Покрај тоа што е четврта најнаселена земја во светот, земјата опфаќа 17.000 острови и три временски зони.

Изборните службеници доставуваа гласачки кутии и гласачки ливчиња во далечните региони, во некои случаи патувајќи со часови со брод, хеликоптер или кочиии. Метеоролозите, исто така, предупредија на екстремни временски услови на западниот дел на островот Јава на денот на гласањето.


Поддршката на Видодо за Прабоу доведе до обвинувања дека ги прекршил изборните правила.

Актуелните претседатели може да бидат дел од политички кампањи доколку не користат државни средства или официјално работно време. По правило, досегашните лидери беа неутрални.

Од кабинетот на актуелниот претседател отфрлаат дека тој се меша во изборите.

Гласачките места за претседателските, парламентарните и локалните избори во Индонезија беа отворени во 7 часот по локално време. Право на глас имаат околу 205 милиони индонезиски гласачи, на приближно 800 000 избирачки места.