Претседателот на државава Стево Пендаровски изјави дека Европската Унија сериозно укажува на злоупотреба на можноста со европско знаменце и по кратка постапка да се носат закони, како што беше направено во областа на игри на среќа. Воедно, тој денеска (14 февруари) одговори на обвинувањата од ДУИ дека „непотпишувањето на законот за игри на среќа е приказни за мали деца“ и порача дека не смее да се повторува ваквиот начин на носење на закони.
„Пред месец дена Европската Комисија, значи ЕУ од Брисел праќа писмо до Владата и вели во процедура во Собрание имате закон со кој практично се злоупотребува европското знаме, бидејќи таква европска директива нема. Меѓутоа, пратениците тераат до крај, го усвојуваат тој закон. Пред неколку дена доаѓа европскиот амбасадор кај мене и ми вели, ова е злоупотреба уште една во серија на европското знаме, никој не спори дали е законот добар или лош вели, не смее да биде злоупотребувано европското знаме. Тој посочува дека ако сакаме да одиме во ЕУ мораме пред да станеме членки да се однесуваме како прави Европјани. Вели ова е на балкански начин, а во извештајот за вашиот прогрес во октомври, што се објавува секоја година, имаме серија критики зошто некои закони ги носиме на таков начин“, изјави претседателот Пендаровски при денешната посета на Универзитетот во Тетово.
Видете и ова: Од забава до зависност од коцкање - лекување ретко кој бараПендаровски образложи дека мора да има прецизна европска директива со број и датум кога е донесена. Потенцира дека не навлегува воопшто во содржината на законот, дали е добар или не, туку дека го вратил поради повеќето писмени забелешки на ЕУ.
„Во овој случај такво нешто нема и затоа треба законот да оди во редовна процедура и да не трае само 2, 3 дена, целата расправа, само тоа е. Не велиме дали е добар или лош законот, како содржина може да е одличен. Меѓутоа велиме мора да се однесуваме како Европа“, истакна Пендаровски.
Инаку претседателот Пендаровски не го потпиша измените на Законот за игрите на среќа и за забавните игри, кој што пратениците го донесоа на седница 7 февруари.
Видете и ова: Пендаровски не го потпиша законот за игри на среќаИзмените и дополнувањата на овој закон предвидуваа објектите за игри на среќа да бидат оддалечени не помалку од 500 метри од основните и средните училишта, со цел, како што се вели во законот, заштита на младата популација од лоши и несоодветни навики за нивната возраст. Со измените на Законот им се овозмож рок од една година на обложувалниците и автомат клубовите да ги преселат нивните деловни простории на најмалку 500 метри од училиштата.
Од Кабинетот на Пендаровски соопштија дека Одлуката да не го потпише Указот за прогласување на Законот е донесена врз основа на детална анализа на текстот на Законот и на постапката во која што бил донесен Закон е донесен, како и по спроведени консултации со Делегацијата на Европската Унија во Република Северна Македонија.