Изјавувајќи дека „секој невин изгубен живот во Газа е трагедија“, претседателот Џо Бајден му посака добредојде на јорданскиот крал Абдула Втори во Белата куќа на 12 февруари.
Разговорите се за тоа како да се стави крај на повеќемесечната војна и за план за она што следува потоа.
Абдула доаѓа додека Бајден и неговите соработници работат на посредување на нова пауза во израелската војна против Хамас -- кој беше прогласен за терористичка организација од Соединетите Држави и ЕУ.
Новата пауза би била со цел да испратат хуманитарна помош и материјали во регионот и да се ослободат заложниците.
Видете и ова: Напредок во разговорите за прекин на огнот меѓу Израел и ХамасКако што претходно пренесе АП, Израел и Хамас се движат кон договор чија цел е да се постигне прекин на огнот и да се ослободат заложниците кои се држат во Појасот Газа, според двајца официјални лица со директно знаење за разговорите.
Во извештајот се вели дека клучните состаноци денеска продолжуваат во Каиро - главниот град на Египет.
Разговорите напредуваат дури и кога Израел ја засили својата офанзива во градот Рафа во јужниот дел на Газа, каде што 1,4 милиони раселени Палестинци побегнаа да бараат засолниште од борбите.
Конфликтот започна откако Хамас којшто е прогласен за терористичка група од Европската унија и САД, ги нападна израелските градови на 7 октомври, на што Израел одговори со постојани воздушни напади.