Европската унија усвои закон за издвојување на профитот остварен од замрзнатите средства на руската централна банка, како прв конкретен чекор кон користење на парите за финансирање на обновата на Украина.
Одлуката усвоена на 12 февруари од Советот на Европската унија, го отвора патот за првиот можен придонес во буџетот на ЕУ од профитот од руските средства.
Законот се однесува на институции кои поседуваат повеќе од 1 милион евра од средствата на Централната банка на Русија.
Видете и ова: Американскиот Сенат го одобри пакетот помош за УкраинаЗаконот бара од централните депозитари на хартии од вредност (CSD) посебно да ги евидентираат вонредните парични салда акумулирани како резултат на рестриктивната мерка на ЕУ.
Дополнително, на CSD им е забрането да користат нето добивка генерирана од замрзнатите средства.
ЕУ и Групата седум (Г7) замрзнаа околу 323 милијарди долари од средствата на руската централна банка по инвазијата на Москва врз Украина.
Видете и ова: Молдавија ги „расипа“ руските изборни планови во отцепениот ТрансдњестарДве третини од овие средства се во ЕУ, главно од белгиската клириншка куќа Еуроклиар.
Досега, само даноците на имотот во Белгија беа наменети за наменски фонд за Украина со кој управува белгиската влада.