Србите од Косово бараат да се поништи одлуката за забрана на динарот
Вашиот пребарувач не подржува HTML5
Припадниците на српската заедница од различни делови на Косово на 12 февруари протестираа во Северна Митровица поради одлуката на Централната банка на Косово еврото да стане единствена валута за плаќање, со што се укина употребата на српскиот динар. Протестот, кој беше организиран од пензионерите, а јавно поддржан од вработените во српските институции на Косово и некои политички субјекти, беше испратена покана до Владата на Косово да се откаже од забраната за динари. Тие изјавија дека ваквата одлука им го „загрозува“ опстанокот.