Србите во Северна Митровица денеска (12 февруари) протестираат поради одлуката на косовските власти еврото да биде единствена валута за плаќање во Косово.
Протестот се одржува во близина на главниот мост на реката Ибар, а демонстрантите се од сите општини во кои живее српска заедница.
На мостот на Ибар се присутни припадници на косовската полиција и припадници на мировната мисија на НАТО на Косово, КФОР.
„Одлуката да се укине динарот, да ни се оневозможи да ги подигнеме заслужените пензии, буквално значи дека ни се укинува лебот, ни се укинува животот“, им порача на насобраните Душанка Ќоровиќ во име на пензионерите.
Видете и ова: Србија ќе бара итна седница на Советот за безбедност за Косово поради укинувањето на динаротОд 1 февруари во Косово стапи на сила уредбата на Централната банка на Косово (ЦБК), со исклучок на српскиот динар за плаќање.
Еден од демонстрантите од Зубин Поток за Радио Слободна Европа изјави дека протестира „против сè, вклучително и против оние во Белград и оние во Приштина“, додавајќи дека „веќе никому не верува“.
На протестот се и претставниците на Српската листа, главната партија на Србите на Косово, која ја ужива поддршката на официјален Белград. Протестот го поддржа Синдикатот на работниците од паралелниот систем на Србија на Косово.
Од 1 февруари во Косово стапи на сила уредбата на Централната банка на Косово (ЦБК), со исклучок на српскиот динар за плаќање.
Еден од демонстрантите од Зубина Поток за Радио Слободна Европа изјави дека протестира „против сè, вклучително и против оние во Белград и оние во Приштина“, додавајќи дека „веќе никому не верувам“.
На протестот се и претставниците на Српската листа, главната партија на Србите на Косово, која ја ужива поддршката на официјален Белград. Денешниот протест го поддржа Синдикатот на работниците од паралелниот систем на Србија на Косово.
Видете и ова: Со забраната за динарот, Косово се обидува да ја прекине врската меѓу Србите на северот и БелградКосовскиот премиер Албин Курти инсистира на тоа дека одлуката не им забранува на Србите чуваат динари, но рече дека тие треба да се претворат во евра доколку се користат за плаќање. Според Курти, ЦБК, исто така, не ја спречува Србија да продолжи да им помага на Србите.
Народната банка на Србија со години испраќала динари во сеф во општина Лепосавиќ, на северот на Косово, а потоа ги транспортирала меѓународната компанија Хендерсон.
ЦБК објави дека таквата практика е незаконска, бидејќи само таа може да извезува и увезува монети и банкноти на територијата на Косово.
Косовските власти бараат Србите во Косово да отворат сметки во која било од лиценцираните комерцијални банки. Државата Србија потоа може да подигне средства во динари, но тие автоматски се претвораат во евра.