Мјанмарската хунта воведе задолжителна воена служба за сите млади мажи и жени, објавија државните медиуми, додека се бори да ги заузда вооружените бунтовнички сили кои се борат за поголема автономија во различни делови на земјата.
Сите мажи на возраст од 18 до 35 години и жени на возраст од 18 до 27 години мора да служат до две години, додека лицата во посебни професии како лекари до 45 години мора да служат три години.
Воената служба може да биде продолжена на вкупно пет години во сегашната вонредна состојба, објавија во саботата државните медиуми.
„Должноста да се чува и брани нацијата се протега не само на војниците, туку и на сите граѓани. Затоа сакам да им порачам на сите да бидат горди што го почитуваат законот за воена служба на оваа нација“, изјави портпаролот на хунтата Зав Мин Тун за државните медиуми.
Видете и ова: Мјанмар нареди државните службеници и поранешните војници да бидат во состојба на готовностМјанмар е зафатен од хаос откако војската ја презеде власта кога ја собори избраната влада со државен удар во 2021 година.
Армијата претрпе загуби на работна сила од октомври, додека се бори со координирана офанзива на сојузот на три бунтовнички групи на етничките малцинства, сојузници со продемократските борци.
Тоа е најголемиот предизвик со кој се соочи војската откако првпат ја презеде власта во поранешната британска колонија во 1962 година.
Војската, исто така, се бори да регрутира војници и почна да турка неборбен персонал на првите линии, велат аналитичарите.
Во 2010 година беше воведен закон со кој се бара воен рок, но не беше спроведен. Оние кои нема да се јават на поканата се соочуваат со затворска казна до пет години, според законот.
31-годишен лекар од Јангон рече дека повеќе би сакал да го напушти Мјанмар отколку да служи војска.
„Не можам да продолжам да живеам во земјата бидејќи тие можат да дојдат по нас во секое време. Ако ме принудат, само ќе побегнам. Нема шанси да го жртвувам животот за нив“, изјави доктор за Ројтерс кој побарал да не биде именуван од безбедносни причини.
Една 31-годишна банкарка рече дека се плаши дека хунтата ќе ја класифицира како „специјалист“ и ќе ја принуди да служи.
„Наместо да им служам, или ќе ја напуштам земјата или веројатно ќе им се придружам на револуционерните сили“, рече таа, исто така, одбивајќи да биде идентификувана.