Иран во неделата ја одбележа 45-годишнината од Исламската револуција во 1979 година, среде тензиите што го зафатија поширокиот Блиски Исток поради војната во Појасот Газа меѓу Израел и Хамас, милитантна група која САД и Европската унија ја прогласија за терористичка организација.
Илјадници Иранци маршираа низ главните улици и плоштади украсени со знамиња, балони и транспаренти со револуционерни и верски пароли.
Видете и ова: Иран бара ФИФА да го суспендира израелскиот фудбалски сојузНасобраните граѓани во Техеран вееја ирански знамиња, скандираа и носеа плакати со зборовите „Смрт за Америка“ и „Смрт за Израел“, кои вообичаени на провладините собири. Некои палеа знамиња на САД и Израел, исто така вообичаена практика на ваквите собири.
Во поголемите градови низ државата имаше силно обезбедување.
Годишнината од крајот на Исламската револуција беше одбележана еден месец по смртоносниот напад на таканаречената „Исламска држава“ во градот Керман во кој загинаа најмалку 95 лица за време на комеморацијата на истакнатиот ирански генерал Касем Сулејмани, кој беше убиен од САД во напад со беспилотно летало во 2020 година.
Техеран се обиде да ги обвини САД и Израел за нападот додека израелската офанзива во Појасот Газа продолжува. Иран започна ракетни напади врз Ирак и Сирија, а потоа ги погоди наводните цели на антииранската сунитска милитантна група Џаиш ал-Адл во нуклеарно вооружениот Пакистан, кој одговори со напади врз Иран, дополнително зголемувајќи ги тензиите во регионот засегнат со војната Израел-Хамас.
Видете и ова: Бајден е под сè поголем притисок да го нападне ИранПретходно во јануари, во напад со беспилотно летало загинаа тројца американски војници во Јордан, за кои одговорноста ја презеде Исламскиот отпор, ирачка група поддржана од Иран. САД рекоа дека го сметаат Техеран за одговорен, а Иран се закани дека „одлучно ќе реагира“ на секој американски напад врз Исламската Република.
Исламската револуција започна со широки немири во Иран поради владеењето на шах Мохамад Реза Пахлави. Шахот, кој беше болен од рак што тогаш не беше познато, избега од земјата во јануари 1979 година. Ајатолахот Рухолах Хомеини тогаш се врати од егзил, а владата падна на 11 февруари 1979 година, по неколкудневни масовни демонстрации и судири меѓу демонстрантите и безбедносните сили.