Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, пред најавената операција во градот Рафа во јужниот дел на Газа, вети „безбеден премин“ на цивилите раселени таму, откако израелските соседи и посредниците предупредија на катастрофа доколку Израел изврши копнена инвазија на градот, кој е дом на повеќе од половина од населението на опколената палестинска територија.
И покрај меѓународната тревога за можноста за масакр во Рафа, каде што се засолнети повеќе од половина од 2,4 милиони жители на Појасот Газа, Нетанјаху во интервју за американскиот АВЦ Њуз ја повтори својата намера во овој град да ја прошири израелската воена операција против Хамас, кој САД и ЕУ го прогласија за терористичка организација.
Видете и ова: Палестинците се подготвуваат за евакуација од Рафа„Ќе го направиме тоа додека на цивилното население ќе му обезбедиме безбеден премин за да може да замине“, рече Нетанјаху во интервјуто кое треба да се емитува денеска, недела.
Останува нејасно каде можат да одат толку голем број луѓе, потиснати долж границата со Египет каде што се сместени во шатори. На тоа прашање Нетанјаху рече дека Израел „разработува детален план“.
Со континуираната кампања на израелските сили од север кон југ на Појасот Газа, Рафа е последниот поголем центар за население на палестинската територија во кој израелската армија се уште не влегла, иако е бомбардиран речиси секојдневно.
Во израелските операции во Појасот Газа загинаа најмалку 28 064 луѓе, главно жени и деца, според тамошното Министерство за здравство под контрола на Хамас. Израел започна кампања на крајбрежниот палестински брег откако екстремистите на Хамас го нападнаа јужниот дел на Израел, убивајќи околу 1 200 луѓе и киднапирајќи 250, според израелските податоци.
Премиерот на Израел, кој вели дека „победата“ над Хамас не може да се постигне без уништување на неговите баталјони во Рафа, во петокот и нареди на армијата да се подготви за операцијата, што предизвика загриженост кај светските лидери и хуманитарни групи, како и паника меѓу палестинското население.
Видете и ова: Гутереш: Израелски напад врз Рафа би предизвикал хуманитарна катастрофа„Народот во Газа не може да исчезне во воздух“, напиша германската министерка за надворешни работи Аналена Баербок на платформата Икс, додавајќи дека израелската офанзива на Рафа ќе биде „хуманитарна катастрофа во создавање“, додека британскиот министер за надворешни работи Дејвид Камерон рече дека е „длабоко загрижен“ за потенцијалната офанзива.
Египетскиот министер за надворешни работи Самех Шукри рече дека секоја израелска копнена офанзива на Рафа ќе има „катастрофални последици“ и оти Израел има за цел на крајот да ги истера Палестинците од нивната земја. Египет предупреди дека преминувањето на Палестинците во Египет ќе го загрози мировниот договор меѓу Израел и Египет, стариот четири децении.
Друг посредник во конфликтот, Катар, исто така предупреди на катастрофа, а Саудиска Арабија предупреди на „многу сериозни последици“ и повика на итен состанок на Советот за безбедност на ОН.
Исто така, расте и несогласувањето меѓу Нетанјаху и САД, чии официјални лица велат дека инвазијата на Рафа без план за тамошните цивили би довела до катастрофа.
Видете и ова: Израелски ракетни напади врз Рафа, има жртвиНетанјаху го објави планот за копнена операција во Рафа само неколку дена откако американскиот државен секретар Ентони Блинкен го посети Израел за да побара прекин на огнот и размена на заложници и затвореници.
Нетанјаху го отфрли предложеното примирје по, како што рече, „бизарните барања“ од Хамас, додека плановите на Израел за Рафах наидоа на остар укор од САД, нивниот главен сојузник, при што Стејт департментот предупредува дека таквата операција, ако не е правилно планирана, ризикува „катастрофа“.