Европската унија подготвува санкции против воени и технолошки компании од Кина, Казахстан, Србија и други земји кои ги помагаат руските воени напори, се вели во документот во кој Радио Слободна Европа (РСЕ) имаше увид.
ЕУ ги засилува напорите за намалување на избегнувањето санкции, бидејќи Русија успеа да ги заобиколи обемните санкции на ЕУ и САД со увоз на клучни стоки, како што се микропроцесорите, преку пријателски трети земји како Кина, пишува на редакцијата на Радио Слободна Европа на англиски јазик.
Досега, Западот беше воздржан во казнувањето на компаниите во трети земји поради загриженост за отуѓување на лидерите на тие земји, па наместо за тоа се определуваше за дипломатија.
Видете и ова: Борел во Киев - „Непоколеблива поддршка на ЕУ за Украина“Но, додека Русија го зголемува производството на ракети и друго оружје со чипови произведени од Запад, се зголемува притисокот врз Брисел и Вашингтон да преземат акција.
Пред втората годишнина од руската инвазија на Украина на 24 февруари, ЕУ се очекува да го објави 13-тиот пакет санкции поврзани со Русија насочени кон субјекти во шест земји, според документите во кои РСЕ имаше увид.
Целта се четири компании од Кина и по една од Казахстан, Србија, Индија, Сингапур, Шри Ланка, Тајланд и Турција, која е членка на НАТО. Вкупно, на списокот има 21 субјект, од кои останатите се со седиште во Русија.
Бројот на ентитети вклучени во списокот не е конечен и компании и поединци може да бидат додадени или отстранети пред да се направи конечната верзија.
Брисел досега санкционираше три кинески компании во претходните пакети и беше во преговори со Пекинг за зголемената улога на Кина во снабдувањето на руските компании со несмртоносна, но воено корисна опрема.
Рускиот увоз на стоки со двојна намена преку фирми со седиште во Централна Азија и Кина нагло се зголеми од почетокот на војната, вклучително и електроника и компоненти направени од западни компании, како што се микрочипови и беспилотни летала.
За време на посетата на Кина во декември лани, претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен и шефот на Европскиот совет Шарл Мишел го предупредија кинескиот лидер Си Џинпинг да го реши проблемот со 13 компании кои идентификувани од Брисел и кои наводно се вклучени во снабдувањето на руските компании.
Доколку биде вклучена во финалната верзија, српската фирма „Конекс ДОО Белград – Стар Град“ (Conex Doo Beograd-Stari Grad) ќе биде првата компанија од таа земја што ќе биде вклучена во пакетот санкции на ЕУ поврзани со војната во Украина.
Видете и ова: ЕУ постигна договор за обезбедување 50 милијарди евра помош за УкраинаЕлем Груп, со седиште во Алмати, исто така, ќе биде првата казахстанска компанија што ќе биде вклучена во пакетот, ако не биде отстранет по разговорите следната недела, додека амбасадорите на ЕУ се состануваат за да ја финализираат листата. Две казахстански фирми беа вклучени во нацрт верзијата на 12-тиот пакет санкции во кој РСЕ имаше увид во ноември, но не беа вклучени во финалната верзија.
За новата листа санкционирани, која вклучува компании и поединци, ќе продолжи да се дебатира во Брисел додека ЕУ се обидува да го засили сè послабото ниво на западна поддршка и помош за Украина.