Најмалку 31 Палестинец се убиени во израелските воздушни напади врз Рафа на 10 февруари, објави Асошиејтед прес (АП).
Нападите се случија неколку часа откако израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека побарал воен план за евакуација на стотици илјади луѓе од јужниот дел на Газа пред копнената инвазија.
Бенјамин Нетанјаху не даде детали или временска рамка, но објавата предизвика голема паника, пренесува АП.
Повеќе од половина од 2,3 милиони жители на Газа се потиснати во Рафа, многу од нив по повеќекратното раселување поради израелската наредба за евакуација.
Видете и ова: Палестинците се подготвуваат за евакуација од РафаАмериканските власти рекоа дека инвазијата на Рафа без план за цивилното население ќе доведе до катастрофа.
Израел извршува речиси секојдневни воздушни напади во Рафа, дури и откако во последните недели им кажа на цивилите да бараат засолниште таму од копнените борби во северниот град Кан Јунис.
Во Кан Јунис, жариште на тековните копнени борби, израелските сили отворија оган врз болницата Насер, најголемата во областа, убивајќи најмалку едно лице и рани неколку други, изјави Ашраф ал-Кидра, портпарол на Министерството за здравство на Газа, контролирано од Хамас, која е прогласена за терористичка организација од страна на ЕУ и САД.
Тој рече дека поради пожарот медицинскиот персонал повеќе не може да се движи меѓу зградите на установата. Тој наведе дека во болницата има 300 лекари и друг медицински персонал, 450 пациенти и 10 000 раселени лица.
Видете и ова: Бајден: Одговорот на Израел кон Газа е прекумеренИзраелската армија не го коментираше нападот врз Кан Јунис.
Војната во Газа започна на 7 октомври со ненадеен напад на Хамас врз Израел.
Во нападот на Хамас врз Израел загинаа 1 160 луѓе, главно цивили, покажуваат податоците на АФП врз основа на официјалните податоци на израелските власти.
Како одговор, Израел вети дека ќе го искорени Хамас. Тој започна воздушни напади и копнена офанзива врз Појасот Газа, во која, според Министерството за здравство контролирано од Хамас, повеќе од 27 000 луѓе, главно жени и деца, беа убиени во Појасот.