Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и нареди на армијата да подготви план за евакуација на населението во Рафах пред очекуваната израелска инвазија на овој град, кој се наоѓа на границата на Газа со Египет.
Израел вели дека Рафах е последното преостанато упориште на Хамас и дека мора да испрати војници за да го заврши својот воен план против групата, кој Европската унија и САД го сметаат за терористичка организација. Се проценува дека 1,5 милиони Палестинци се наоѓаат во градот откако избегале од борбите на друго место во Газа.
Видете и ова: Гутереш: Израелски напад врз Рафа би предизвикал хуманитарна катастрофаНетанјаху ја објави наредбата во петокот, 2 февруари, по меѓународните критики за планот на Израел да го нападне преполниот град. Нетанјаху рече дека е потребна „голема операција“ во Рафах.
Тој додаде дека побарал од безбедносните службеници да претстават „двоен план“ кој ќе вклучува евакуација на цивили и воена операција против преостанатите единици на Хамас.
Претходно во петокот, Израел бомбардираше цели во Рафах, јужниот град каде што повеќе од половина од 2,3 милиони жители на Газа побараа засолниште.
Американскиот претседател Џо Бајден во четвртокот рече дека однесувањето на Израел во војната, предизвикано од смртоносниот напад од Хамас на 7 октомври минатата година, е „прекумерен“, што досега е најостра критика од САД, блискиот сојузник на Израел и израз на загриженост поради зголемениот број цивилни жртви во Газа.
Видете и ова: Бајден: Одговорот на Израел кон Газа е прекумеренМинистерството за здравство во Газа, управувано од Хамас, во петокот соопшти дека вкупниот број на убиени Палестинци сега се приближува до 28.000, од кои околу две третини се жени и деца. Бројката вклучува и цивили и борци.
„Ние допрва треба да видиме докази за сериозно планирање на таква операција“, рече во четвртокот Ведант Пател, портпаролот на Стејт департментот.
Џон Кирби, портпарол на Советот за национална безбедност, рече дека израелската копнена офанзива во Рафах „не е нешто што ние би го поддржале“.