Резултатите од пакистанските избори покажуваат дека партијата на Шариф има тесно водство

илустрација

Пребројувањето на гласовите продолжува на 9 февруари на парламентарните избори во Пакистан, при што предвремените резултати покажуваат дека партијата на поранешниот премиер Наваз Шариф има тесно водство пред кандидатот поддржан од најпопуларниот политичар во земјата, поранешниот премиер Имран Кан кој е во затвор.

Гласањето на 8 февруари се одржа во услови на зголемени политички тензии и пораст на насилството што ги натера властите да распоредат илјадници дополнителни безбедносни сили низ целата земја и да ги прекинат услугите на мобилни телефони во пограничните области.

Владата рече дека суспензијата на мобилните мрежи е причина за невообичаено бавното темпо на процесот на броење, иако претходно беше кажано дека мобилната услуга е обновена во неколку поголеми градови.

До 11 часот по локално време, Изборната комисија на Пакистан (ЕКП) објави само 47 резултати за 265-те места во Националното собрание.

Досега, објави комисијата, Пакистанската муслиманска лига-Наваз (PLM-N) на Шариф освои 17 места, додека кандидатите поддржани од Кан освоија 14 места. Се предвидува дека партијата на Шариф ќе освои најмногу места на изборите.

Вашиот пребарувач не подржува HTML5

Смртоносни експлозии го потресоа Пакистан пред парламентарното гласање

Имран Кан (71), пензионирана ѕвезда на крикет, кој беше премиер од 2018 до 2022 година, е основач на ПТИ и сè уште ужива огромна популарност, но е во затвор по пресудата за корупција и му е забрането да извршува функција десет години.

Пакистанската народна партија, предводена од Билавал Буто Зардари, би можела да биде одлучувачки фактор, доколку ниту една партија не добие доволно места во парламентот за да формира целосна влада. Новиот парламент ќе мора да се справи со галопирачката инфлација која е близу 30 проценти и со акутна политичка криза.

Повеќе од 650 000 припадници на армијата, паравоените и полициските сили беа распоредени низ Пакистан на денот на изборите со задача да обезбедат изборна безбедност од вршителот на должноста премиер Анвар ул-Хак Какар, кој исто така нареди затворање на границите со Иран и Авганистан.

Суспендирањето на мобилниот сигнал предизвика остри критики од опозицијата и телата за човекови права, при што ПТИ на Кан го нарече потегот „сериозен напад врз демократијата“ и „кукавички обид на оние кои се на власт да го задушат несогласувањето, да манипулираат со исходот на изборите и да ги прекршат правата на пакистанскиот народ“.

Речиси 18000 кандидати се кандидираа за места во републичкото и покраинското собрание.