Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека го именувал Александар Сирски за врховен командант на војската на Украина, само неколку минути откако објави дека е време за „обнова“ и „обновено водство“ на вооружените сили на земјата.
Зеленски во изјавата рече дека Сирски „има успешно одбранбено искуство - ја водеше одбранбената операција на Киев. Тој исто така има успешно офанзивно искуство - операцијата за ослободување на Харков“.
Роден во Русија, 58-годишниот Сирски, кој беше командант на копнените сили на Украина од 2019 година, го замени генералот Валери Залужни по извештаите дека Зеленски сериозно размислува да го смени.
Сирски беше еден од главните команданти кои ја водеше борбата на украинските вооружени сили против сепаратистичката офанзива поддржана од Русија, која почна во 2014 година веднаш откако Русија незаконски го анектираше Крим на Украина.
Откако Русија започна целосна инвазија на Украина во февруари 2022 година, Сирски ја водеше контраофанзивата на украинските вооружени сили за да ја врати контролата врз регионот Харков во септември истата година.
Во април 2022 година, водството на Сирски во одбраната на главниот град на Украина му ја донесе титулата „Херој на Украина“, доделена со декрет потпишан од Зеленски.
Претходно (на 8.2) Зеленски се сретна со Залужни и рече дека побарал од него да остане „во тимот“, иако не кажа во кое својство.
Залужни напиша на Телеграм дека тој и Зеленски „донесоа одлука за неопходноста од промена на пристапот и стратегијата“ во борбата на Украина против руската агресија.
Тензиите меѓу Залужни и Зеленски се појавија во ноември 2023 година, откако врховниот командант објави коментар во „Економист“, велејќи дека војната дошла во ќор-сокак и дека само технолошкиот напредок ќе ѝ овозможи на Украина да ги постигне своите цели за ослободување на окупираната територија.
Видете и ова: Зеленски негира дека војната е во ќор-сокакВеќе некое време се претпоставува дека Зеленски ќе го смени командантот на војската Валериј Залужни поради разлики во стратегијата додека Украина се бори да ги одбие инвазивните трупи од Русија.
Зеленски претходно најави дека размислува за реконструкција на воениот врв, што би вклучувало неколку искусни офицери, пренесува „Гардијан“.
„Прашање е кој би требало да ја води Украина. Зборувам за замена на неколку државни офицери, не само во војската. За да победиме во војната сите мораме да се движиме во иста насока. Не смееме да бидеме обесхрабрени, мораме да имаме добра, позитивна енергија, а негативата мораме да ја оставиме дома“, коментираше Зеленски.
Анкетите покажуваат дека Залужни е подеднакво популарен, ако не и повеќе од Зеленски, а некои експерти стравуваат дека исфрлувањето од власт на актуелниот претседател ќе ги демолира украинските трупи и ќе го поткопа националното единство.