Новата вулканска ерупција, започна денеска (8 февруари) на полуостровот Рејкјанес во југозападен Исланд. Телевизиските снимки покажуваат како жешка лава еруптира со обрачи чад што се издигнуваат од пукнатината.
„Во 5:30 утринава имаше мал земјотрес во североисточниот дел на Силингарфел, а околу 30 минути подоцна започна ерупција во истата зона“, соопшти Исландската метеоролошка служба (ИМО).
Според првите извештаи од надзорните летови на крајбрежната стража, ерупцијата се случила во истата зона како онаа на 18 декември, соопшти ИМО, додавајќи дека пукнатината е долга околу три километри.
Видете и ова: Eруптираше вулкан на Исланд, лавата тече кон градот ГриндавикСлужбата во својот најнов извештај посочи дека наскоро се очекува нова ерупција.
Ова е шеста вулканска ерупција на Исланд во последните две години, при што претходната беше утрото на 14 јануари во близина на Гриндавик, мало гратче со околу 4000 жители.
Гриндавик беше евакуиран претходно, уште на 11ноември, како мерка на претпазливост.
Се смета дека Исланд, земјата со најмногу вулкани во Европа, има 31 активен вулкански систем.