Украинскиот град Авдијивка, место на жестока битка со месеци, наскоро би можел да падне. Како што пренесуваат украинските канали на Телеграм, ситуацијата за киевските сили е се покритична, а руските трупи напредуваат.
Во октомври минатата година, Русија започна офанзива врз областа, која се смета за порта кон блискиот град Доњецк, окупиран од Русија. Русија претрпе огромни загуби, и во војници и во опрема.
Се зборува дека руските војници се „топовско месо“ затоа што нивните команданти ги испраќаат да загинат во бескрајни напади. Но, и покрај големите загуби, руските сили напредуваа малку по малку, а украинските канали Телеграм сега признаваат дека градот е пред пад.
Каналот на Телеграм „Украина фајтс“ објави во неделата дека „ситуацијата во градот станала критична“, додавајќи дека руските трупи ги заобиколиле украинските борбени формации и се позиционирале во зградите.
Видете и ова: Петмина украински цивили загинаа во руско гранатирањеТоа значи дека се оддалечени неколку стотици метри од главната логистичка артерија на украинските бранители“, се вели во соопштението.
„Се решава судбината на Авдијивка. Каналот на Телеграм „Бутусов Плус“ објави дека се водат улични борби во северното предградие на Авдијивка, каде навлегле руските единици. Украинската 110 механизирана бригада и придружните единици се борат против поголем број руски војници, кои постојано се засилуваат. На Авдијивка итно и се потребни свежи резерви и ротација на единиците на херојската 110-та бригада“, се вели во соопштението и се додава дека е потребна и муниција и дека ситуацијата е критична.
Дописникот на Вол Стрит Журнал, Јарослав Трофимов се осврна на објавите на мрежата „Х“, порано Твитер, пишувајќи во неделата дека „се поверојатно е Авдијивка да стане првиот украински град што ќе падне по заземањето на Бахмут минатиот мај“. Тој додаде дека акутниот недостиг на муниција е предизвикан од одлуките на американскиот Конгрес.