Европската Комисија и Турција потпишаа договор со кој преку Фондот за солидарност на Европската Унија (ЕУСФ) на Анкара ќе и биде доделен грант во износ од 400 милиони евра наменети за финансирање на проекти за обнова и санација по катастрофалните земјотреси што ја погодија земјата на почетокот на минатата година.
„Оваа катастрофа, една од најлошите во историјата на земјата, не шокираше сите додека ги гледавме разурнувачките ефекти што таа ги имаше врз турскиот народ. Низ Европа имаше излив на сочувство за изгубените животи и уништените домови“, изјави еврокомесарката за кохезија и реформи Елиса Фереира, која го потпиша договорот заедно со турскиот заменик министер за надворешни работи Мехмет Кемал Бозај.
Видете и ова: Во Турција започна големо судење поради уривање на згради во земјотресот од 2023 годинаТаа нагласи дека ова е првпат Турција да добие помош од Фондот за солидарност на ЕУ, но во исто време тоа е и најголема сума што досега и е доделена на една земја кандидат за членство во Унијата преку овој инструмент на блокот од неговото формирање во 2002 година.
„Кога е потребна поддршка, Европа реагира. Не само за нејзините земји членки, туку и за нејзините соседи. ЕУСФ се залага за солидарност со земјите и луѓето“, додаде Фереира.
Оваа сума од 400 милиони евра е дел од поддршката за Турција во вкупен износ од една милијарда евра што ЕУ ја најави лани во март на Меѓународната донаторска конференција, чии кодомаќини беа Европската Комисија и тогашното шведското претседателство со ЕУ и на која беше ветена помош за санирање на последиците од земјотресите во Турција и Сирија во вкупен износ од седум милијарди евра.