Американскиот државен секретар Ентони Блинкен изјави дека сè уште е можен договор за прекин на огнот меѓу Израел и Хамас, кој е прогласен за терористичка организација од страна на Соединетите Американски Држави и Европската Унија.
Блинкен го објави ова по разговорите со израелските лидери.
Дискусиите се фокусираа на одговорот на Хамас на предлогот за прекин на огнот поднесен од САД, Египет и Катар.
„Иако има некои непрецизирани работи во одговорот на Хамас, ние мислиме дека тоа создава простор за постигнување договор“, рече Блинкен.
Видете и ова: Блинкен во Израел на разговори за примирје во ГазаПретходно, на 7 февруари, израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху ги отфрли клучните барања на Хамас, оставајќи ја во прашање судбината на прекинот на огнот.
Катар, кој посредуваше за привремен прекин на огнот на крајот на ноември, соопшти дека Хамас одговорил на предлогот за нов договор за прекин на огнот во Газа.
„Одговорот вклучува некои приговори, но генерално е позитивен“, рече катарскиот премиер Мухамед бин Абдулрахман Ал-Тани по средбата со Блинкен во Доха.