Техничкиот премиер Талат Џафери ќе треба да процени и оцени дали ќе побара разрешување на актуелните министри од Алијанса на Албанците, Азир Алиу и Фатмир Меџити, смета вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ по средба со претставници на германскиот Бундестаг. Тој во одговор на новинарско прашање истакна дека прашањето за предлагање, избори и разрешување на членови на Владата е во надлежност на премиерот, односно мандаторот.
Иако Алиу и Меџити се уште ги обавуваат своите функции, од Алијанса на Албанците пристигна соопштение во кое се предлагаат нови министри за информатичко општество и здравство , Илир Демири кој засега е директор на клиничката болница во Тетово и Наим Бајрами кој е магистер по политички науки. Во соопштението е наведено дека оваа одлука е донесена од Управниот одбор на Алијанса за Албанците со пет од вкупно седум гласа „за“.
Во меѓувреме закажани се два паралелни состаноци на Централното собрание на партијата, едното во Куманово, а второто во Тетово. Причината е несогласувањето на актуелниот претседател Арбен Таравари и поранешниот претседател на партијата Зијадин Села поради настапот на претстојните избори.
Маричиќ изјави дека исходот во техничката влада од оваа внатрепартиска битка во АА ќе зависи од проценката на Џафери, од тоа какви се сигналите од Алијанса за Албанците и какви се ставовите, но и какви се бројките во Собранието.
Видете и ова: Крилото на Села предлага нови министриМандатарот Талат Џафери го предложи составот на Владата, Собранието го поддржа и оттогаш сме членови на Владата, предводени од премиерот Џафери. Ќе видиме во однос на тоа што дошло од Алијанса, претпоставувам дека премиерот на техничката Влада, Џафери ќе постапи согласно тоа што е политичка индикација“ изјави Маричиќ.
Алијанса е „значаен партнер во Владата и треба да се чујат нивното мислење и нивните предлози“, додаде тој, истакнувајќи дека на вчерашната владина седница биле донесени одлуки во кои учествувале и актуелните министри на АА.
На вчерашната владина седница беше донесена одлука за разрешување на директорката на Пошта, Бујаре Абази и на Газменд Абдија од должноста в.д. директор на Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот на кои доаѓаат од Алијансата за Албанците.
„Важно е, нормално, кого поддржуваат партиите и како, бидејќи Владата се составува врз основа на волјата на партиите. Но, ако Алијанса влегла во техничката Влада затоа што била дел од мнозинството и ги задржала истите места како што била дел во мнозинството, тогаш треба и така и очекуваме да се постапи. Доколку Алијанса, или дел од Алијанса го промениле мислењето, тоа сепак зависи од внатрепартиските одлуки, ќе треба исто така да се изјаснат, многу е тешко да имате двојна позиција во исто време“, изјави Маричиќ.
Видете и ова: Алијанса за Албанците – колку е клучна за влада по изборите?Од кабинетот на Џафери се уште нема одговор за пристигнатите предлози за смена на двајцата министри од Алијанса за Албанците кои го поддржуваат актуелниот лидер на партијата Арбен Таравари.
Видете и ова: Разрешувањето на Мизрахи го пензионира Пржинскиот модел на владаСпоред претходното искуство во пресрет на изборите во 2020 година, разрешување на министер од техничка влада бара техничкиот премиер. Таков беше случајот со тогашната техничка министерка за труд и социјалната политика од ВМРО -ДПМНЕ Рашела Мизрахи чие разрешување го побара тогашниот технички премиер Оливер Спасовски. Предлогот се разгледуваше во Собранието, по што со 62 гласа „за“ и 26 „против“ беше донесена одлука за нејзино разрешување.