Европската Комисија во среда (7 февруари) соопшти дека ја известила Унгарија дека нејзиниот закон за „заштита на националниот суверенитет“ го прекршува правото на Европската Унија (ЕУ).
Владејачката партија Фидес на премиерот Виктор Орбан вели дека законот за „заштита на националниот суверенитет“ е неопходен за заштита од странско политичко мешање.
Европската Комисија објави дека испратила официјално известување до Будимпешта дека ќе покрене постапка за повреда на прописите поради унгарскиот закон за кој вели дека ги крши демократските вредности и основните права на ЕУ.
Во декември, унгарскиот парламент го усвои Законот за заштита на националниот суверенитет со цел, како што е наведено, да се брани од несоодветно политичко мешање на странски лица или групи.
Видете и ова: Унгарија усвои Закон за заштита на националниот суверенитетСо новиот закон, кој беше усвоен со 141 глас за и 50 против, се формира специјално тело кое ќе го истражува и следи ризикот од политичко мешање. Странско финансирање на партии или групи кои учествуваат на избори е забрането и се казнува со затвор до три години.
Комесарката за човекови права на Советот на Европа, Дуња Мијатовиќ, претходно побара од пратениците на Фидес да се откажат од предложениот закон. Таа рече дека законот „ќе и дозволи на новата влада да бара чувствителни податоци и приватни информации од кој било без соодветен надзор“.
Унгарскиот премиер Орбан, кој е на власт од 2010 година, ги отфрли обвинувањата дека ја поткопува демократијата во Унгарија.