Предвремени претседателски избори во Азербејџан

илустрација

Повеќе од шест милиони Азербејџанци денеска ќе гласаат за еден од седумте кандидати на предвремените претседателски избори.

Претседателските избори првично беа планирани за 2025 година, но претседателот Илхам Алиев ги организира сега со цел да си ја зацврсти власта по освојувањето и присоединувањето на Нагорно-Карабах на Азербејџан.

Алиев ја презеде заслугата за заземањето на Нагорно-Карабах по децениски борби меѓу Азербејџанците и Ерменците за регионот.

Видете и ова: Преговори меѓу Азербејџан и Нагорно-Карабах за „интеграција“

Според меѓународните набљудувачи изборите нема да бидат ниту слободни ниту фер.

Канцеларијата за демократски институции и човекови права (ОДИХР) истакна дека шесте кандидати на гласачкото ливче јавно го поддржувале претседателот Алиев во минатото.

ОДИХР исто така наведува дека изминатите месеци во Азербејџан уапсени се голем број новинари.

Азербејџан, во споредба со другите јужнокавкаски земји, има висока социјална нееднаквост, висока инфлација и низок економски раст.