Шефот за надворешна политика на ЕУ, Жозеп Борел и шефот за нуклеарна програма на ОН, Рафаел Гроси, пристигнаа во одвоени посети на Киев, додкеа во руските ракетни напади имаше нови жртви меѓу украинските цивили. На 6 февруари во регионот на Харкив загина 2-месечно машко бебе.
„Повторно во Киев за мојата четврта посета од почетокот на руската инвазија во целосен обем“, напиша Борел на X, поранешен Твитер .
Тој додаде дека за време на разговорите со украинските официјални претставници ќе ја потврди „непоколебливата поддршка на ЕУ за Украина на воената страна, на финансиската страна со новиот пакето помош од [50 милијарди евра], како и на патот на реформите за ЕУ“.
Видете и ова: „Гладијатори“: Како Русија користи осуденици за најбруталните борби на украинскиот фронтКиев, кој во голема мера зависи од западната воена и финансиска поддршка, рече дека очекува исплати од 4,5 милијарди евра (4,84 милијарди долари) од ЕУ следниот месец, откако 27-члениот блок минатата недела одобри за Украина четиригодишен пакет помош од 50 милијарди евра.
Во меѓувреме, Рафаел Гроси, шефот на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), пристигна во Киев каде што рече дека разговарал со украинскиот министер за енергија Херман Халушченко и со други украински официјални претставници пред посетата на нуклеарната централа Запорожје, окупирана од Русија, а која е најголема во Европа.
Во рускиот ракетен напад врз населбата Золочив во источниот украински регион Харкив на 6 февруари загина 2-месечно бебе.