Агенцијата на Обединетите нации за палестинските бегалци (UNRWA) очекува донаторите да го разгледаат замрзнувањето на финансирањето по објавувањето на прелиминарниот извештај за израелските тврдења дека десетина нејзини вработени учествувале во нападот врз Израел на 7 октомври, изјави претставник на агенцијата.
Израел обвини 12 од 13.000 вработени на агенцијата во Појасот Газа за учество во минатогодишниот напад врз Израел предводен од Хамас, кој САД и Европската унија го сметаат за терористичка организација.
Шеснаесет земји го суспендираа финансирањето по обвинувањата на Израел. Меѓу нив се САД, Шведска и Германија.
Претставничката на UNRWA за Либан, Дороти Клаус, најпрвин им рече на новинарите во Бејрут дека „извештајот за прелиминарна истрага“ ќе биде готов до почетокот на март, но временската рамка подоцна беше ревидирана за да се каже дека извештајот ќе биде готов „за неколку недели“.
Видете и ова: Водачите на Хамас „во бегство“ додека Израелците напредуваат кон РафаКлаус претпоставува дека врз основа на извештајот „донаторите ќе ги преиспитаат своите одлуки да го прекинат финансирањето на УНРВА“.
Канцеларијата за мониторинг на Обединетите нации спроведува истрага. Палестинската агенција за помош соопшти дека постапила брзо по наводите и дека шефот Филип Лазарини ги отпуштил наводно вмешаните и го известил генералниот секретар на ОН, како и Соединетите Држави и другите донатори.
Израел усно го известил шефот на UNRWA за наводите против 12 вработени, а официјални извори не споделиле со агенцијата досие во кое се наведува дека 190 членови од персоналот на агенцијата во Газа се припадници на Хамас или Исламски џихад.
Агенцијата на Обединетите нации за палестински бегалци е основана со резолуција на Генералното собрание на телото во 1949 година за да се грижи за бегалците кои побегнале или биле протерани од своите домови кога бил создаден Израел.
Видете и ова: Блинкен на пат кон Блискиот Исток, во уште еден обид за примирје меѓу Израел и ХамасГенералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш во јануари ја опиша UNRWA како „рбетот на сите хуманитарни одговори во Газа“ и апелираше до сите земји „да го гарантираат континуитетот на агенцијата за спасување животи“.
Агенцијата, чии најголеми донатори во 2022 година беа САД, Германија и Европската унија, постојано повторува дека нивниот капацитет да обезбеди хуманитарна помош за жителите на Газа е на работ на колапс.