Најмалку пет украински цивили загинаа во руско гранатирање врз Херсон и североисточниот регион Суми на 5 февруари, соопштија локалните власти.
Тие додаваат дека Москва значително го зголемила интензитетот на гранатирањето на цивилните области.
Украинскиот министер за внатрешни работи Ихор Клименко изјави на Телеграм дека руската артилерија убила четири лица, а ранила уште едно во Херсон во напад што се случил околу пладне.
Како што јавува украинскиот сервис на Радио Слободна Европа, руските војници го гранатирале и градот Ворожа во областа Суми, при што загинало едно лице, а две се ранети, соопшти регионалната воена администрација.
Видете и ова: Американскиот Сенат претстави договор за 118 милијарди долари за границите, Украина и ИзраелВо ноември 2022 година, украинските сили го ослободија Херсон, додека руските трупи се повлекоа на исток преку реката Днепар.
Оттогаш, руските сили редовно го гранатираат градот со тешко оружје и проектили од другата страна на реката, убивајќи бројни цивили и уништувајќи ја инфраструктурата.
Клименко, во посебна порака на Телеграм, рече дека во текот на изминатата недела, интензитетот на руското гранатирање на јужна Украина е зголемен за речиси една четвртина во споредба со претходните недели и дека тие убиле најмалку 12 цивили.
Како што додаде, руските сили нападнале цивилни области повеќе од 1.500 пати во изминатите седум дена.
„Напади се забележани во повеќе од 570 населени места, а најголем број во Запорожје“, напиша Клименко. „
Како резултат на руските напади во текот на изминатата недела, 12 лица загинаа, а 60 се ранети.