Треба да се спречи руското влијание во Босна и Херцеговина, изјави германскиот министер за одбрана Борис Писториус за време на неговата посета на Сараево на 6 февруари.
На прес-конференцијата, по средбата со министерот за одбрана на БиХ, Зукан Хелез, беше речено дека двајцата министри разговарале за заканите за отцепување и руското влијание во Босна и Херцеговина.
Видете и ова: Почна судењето против Милорад Додик поради неспроведување на одлуките на високиот претставник во БиХПисториус изјави дека „забележливо е дека има тензии“, и посочи дека БиХ „не може да биде на две свадби“, но дека сите во БиХ мора јасно да покажат дека сакаат да влезат во Европската унија.
„Сакаме да ја поддржиме Босна и Херцеговина и да ја спречиме Русија да предизвика дополнителна криза, дестабилизација, да ја злоупотреби оваа зона со цел да го прошири своето влијание, надевајќи се дека на овој начин ќе го дестабилизира Западот“, рече германскиот министер за одбрана.
Посетата на Писториус на Босна и Херцеговина следеше само неколку дена по посетата на високата делегација на НАТО на Сараево минатата недела, кога Организацијата на Северноатлантскиот договор соопшти дека „силно ја поддржува Босна и Херцеговина, нејзината независност и територијален интегритет“.
Видете и ова: Столтенберг: Безбедносната ситуација на Западен Балкан сè уште е кревкаПоголемата поддршка на НАТО и неговите земји-членки кон БиХ е изразена во моментот на сецесионистички закани од страна на проруската влада во босанскиот ентитет Република Српска, предводена од лидерот на владејачката Алијанса на независни социјалдемократи, Милорад Додик.