Косовскиот премиер Албин Курти порача дека владата што ја предводи и другите институции се подготвени „брзо да ја решат секоја загриженост“ во врска со прашањето за регулативата на Централната банка на Косово, која забранува употреба на српскиот динар за плаќања во Косово.
На средбата во понеделникот со акредитираните амбасадори во Косово, тој рече дека во периодот на транзиција, фокусот на спроведувањето на регулативата на Централната банка на Косово ќе биде на „информирање на компаниите кои работат со динари на неформален начин“.
Во Косово на први февруари стапи на сила уредбата на оваа банка со која се предвидуваше за плаќање да се користат само евра, со што се прекинува употребата на српскиот динар.
Соединетите Американски Држави и Европската Унија изразија загриженост за влијанието на декретот врз српската заедница во Косово.
Курти нагласи дека од стапувањето во сила на оваа регулатива, ниту еден бизнис во сопственост на Срби во Косово или во општините каде што живеат Срби „не е казнет или парично казнет“, нагласувајќи дека „тоа не е целта на институциите“.
Видете и ова: Србија бара вонредна седница на Советот за безбедност на ОН поради одлуката за укинување на динарот на КосовоСпоред косовскиот премиер, речиси 40.000 Срби имаат банкарски сметки во лиценцирани банки во Косово, каде што добиваат пензии, плати и надоместоци од Косово.
Регулативата на Централната банка на Косово, како што рече Курти, ќе овозможи примање средства, плати и пензии од странство „како форма на префрлање на тие банкарски сметки“, а како што истакна, ќе може да се користи и српскиот динар како средство за штедење и замена во лиценцирани менувачници.
„Значи, не се попречува пристапот на финансирање, а воедно се нуди физички пристап преку банките и небанкарските финансиски институции низ државата - само во четири општини на северот од државата има вкупно 15 небанкарски финансиски институции и четири филијали на комерцијални банки“, рече Курти, пренесуваат од неговиот кабинет.
Американскиот амбасадор во Косово Џефри Ховениер претходно во понеделникот го повтори барањето на Вашингтон - Косово да го одложи спроведувањето на регулативата на Централната банка на Косово.
Тој рече дека САД се „длабоко загрижени за начинот на кој оваа регулатива се спроведува, „бидејќи веруваме дека не се земаат предвид некои од грижите на заедницата“.
Видете и ова: Европската Комисија бара решение за употребата на динарот на КосовоНа прашањето дали американската влада би можела да преземе мерки против Косово доколку земјата не одговори на ова барање, Ховениер рече дека „се надева дека владата ќе биде наш партнер“, додавајќи дека ако се случи спротивното, ова „ќе има влијание врз квалитетот на нашето партнерство“.
Ховениер рече и дека иако САД ја поздравуваат одлуката на Косово да го почитува Уставот на земјата, Вашингтон верува дека треба да има транзиција за новата регулатива.
На прашањето за реакцијата на владата на неговото барање и на меѓународната заедница, Ховенје рече дека „ќе ги остави да зборуваат“.