Новиот француски премиер Габриел Атал денеска се соочува со првото гласање за недоверба на неговата Влада во Парламентот, но без ризик од негова смена, иако владејачката коалиција нема апсолутно мнозинство.
Предлогот за гласање недоверба беше поднесен од левичарските партии. Но, тие немаат речиси никакви шанси да ги соберат 289 гласови потребни за смена на Владата.
Левицата го критикува Атал, кој беше назначен од францускиот претседател Емануел Макрон на почетокот на јануари, дека сака „војна против сиромашните“ по најавените мерки за социјалните прашања.
Видете и ова: Габриел Атал е новиот премиер на ФранцијаЛевичарските партии оценуваат дека Атал ја брани Франција од луксузните париски населби, а незадоволство има и поради блокадата на земјоделците.
Лидерката на крајната десница Марин Ле Пен наведе дека нејзината партија Национален собир нема да гласа за предлогот за недоверба. И пратениците на десничарската Републиканска партија изјавија дека нема да гласаат за предлогот.
Претходната премиерка на Франција, Елизабет Борн, се соочи со 31 гласање за недоверба на нејзината влада.