Рускиот политичар Борис Надеждин, кој пред неколку дена ја поднесе својата кандидатура за претседател, во понеделник (5 јануари) соопшти дека руската Централна изборна комисија (ЦИК) му кажала дека нашла „недостатоци“ во повеќе од 15 отсто од потписите потребни за да се прифати неговата апликација за претседателски кандидат. Изборите треба да е одржат на 17 март, но тој вети дека ќе се бори за да докаже дека сите потписи се валидни.
Надеждин рече дека доколку ЦИК одбие да го регистрира, тој ќе ја обжали одлуката до Врховниот суд.
Рускиот закон за претседателски избори дозволува пропусти до 5 отсто од прегледаните 60 000 потписи. Надеждин поднесе повеќе од 100 000 потписи потребни во процесот на аплицирање.
Видете и ова: Борис Надеждин поднесе пријава за кандидатура на претседателските избори во РусијаЦИК има рок од 10 дена да ја процени автентичноста на потписите и да одлучи дали на 60-годишниот Надеждин ќе му биде дозволено да се кандидира за претседател.
Надеждин, кој е роден во Узбекистан, беше поддржан од соработниците на затворениот опозициски политичар Алексеј Навални и прогонетите опозиционери Максим Кац и Михаил Ходорковски, иако на изборите се очекува лесно да победи актуелниот претседател Владимир Путин, кој е на власт во Русија како претседател или премиер од 1999 година.
Повеќето од противниците на Путин се во затвор или надвор од земјата, бидејќи побегнале од безбедносни причини. Изборите во Русија се строго контролирани од Кремљ и владата смета дека тие се неопходни за да се обезбеди чувство на легитимност.