Три лица се ранети во напад со нож во Париз, напаѓачот е приведен

Француската полиција на железничка станица во Париз на 3 февруари 2024 година.

Три лица се повредени во напад со нож на железничка станица во Париз во саботата, соопшти градската полиција, додавајќи дека напаѓачот е приведен.

Едно од ранетите лица е во тешка состојба, соопшти полицијата, пренесе агенцијата Асошиетед Пред (АП).

Според полицијата, нападот се случил на железничката станица Гаре де Лион, на југоисточниот дел на Париз околу 08:00 часот, при што едно лице е тешко рането, но нејзиниот живот не е во животна опасност, а две лица се полесно повредени, пренесува агенцијата.

Засега не е познат мотивот за нападот.

Полициски извор за агенцијата Франс Прес изјави дека напаѓачот на полицијата и дал италијанска возачка дозвола.

Националната железничка компанија СНЦФ на мрежата „Х“ објави дека во моментов две простории од железничката станица се непристапни поради интервенција на полицијата.