Соединетите Американски Држави извршија воздушни напади во Ирак и Сирија во петокот против повеќе од 85 цели поврзани со Иранската револуционерна гарда (ИРГЦ) и проиранските милиции, соопшти американската војска, по нападот во Јордан во кој загинаа тројца, а ранети се 40 американски војници.
Се верува дека нападите се само први во одговорот на администрацијата на претседателот Џо Бајден на нападот минатиот викенд од милитантите поддржани од Иран.
„Нашиот одговор започна денеска. Ќе продолжи во моменти и места по наш избор“, рече Бајден, пренесува Ројтерс.
„САД не сакаат конфликт на Блискиот Исток или на кое било друго место во светот. Сепак, нека го знаат ова сите оние кои сакаат да ни наштетат - ако му наштетите на Американец, ние ќе одговориме“, додаде тој.
Иако не беа погодени цели во Иран, нападите може да ја зголемат загриженоста поради ескалацијата на тензиите на Блискиот Исток поради повеќе од тримесечната израелска војна со Хамас во Газа.
Видете и ова: Ирачката милитантна група ги „прекинува“ акциите против САД по нападот во ЈорданПортпаролот на ирачкиот премиер изјави дека американските напади го „нарушуваат“ суверенитетот на Ирак, пренесува АФП.
Генералот Јехиа Расул истакна дека нападите носат „катастрофални последици за безбедноста и стабилноста на Ирак и регионот“.
Вашингтон го извести Багдад пред нападот во петокот, соопшти Белата куќа, само неколку минути откако ирачката војска ги осуди нападите како кршење на суверенитетот на земјата.
Ирачкиот секретар Катаиб Хезболах, кој САД го обвинуваат за нападот врз американските сили во Јордан, во вторникот објави дека ќе ги прекине нападите врз американските сили.
Сепак, друга ирачка група поддржана од Иран, Нуџаба, рече дека ќе продолжи да ги напаѓа американските сили во регионот додека не заврши војната во Газа и американските сили не се повлечат од Ирак.
Видете и ова: Загинаа тројца американски војници во Јордан, Бајден ги обвинува милитантите поддржани од ИранИранскиот претседател Ебрахим Раиси изјави дека Иран нема да започне војна, но дека „силно ќе одговори“ на нападите.
Иранските советници им помагаат на вооружените групи во Ирак, каде што САД имаат околу 2.500 војници и Сирија каде што се стационирани 900 американски војници.
Американските трупи биле нападнати повеќе од 160 пати во Ирак, Сирија и Јордан од нападот на Хамас врз Израел на 7 октомври со кој започна војната.
САД и ЕУ го прогласија Хамас за терористичка организација.
Џо Бајден и лидерите на Пентагон присуствуваа на комеморацијата во петокот во воздухопловната база Довер во Делавер за тројца американски војници убиени во напад во Јордан.
САД веруваат дека дронот што уби тројца војници и рани повеќе од 40 е направен од Иран.
Сепак, Пентагон соопшти дека не сака војна со Иран и дека верува дека ни Техеран не сака, додека републиканскиот притисок врз Бајден директно да го нападне Иран расте.