Германскиот Бундестаг се согласи постепено да ги укине даночните олеснувања за дизел горивото за земјоделците и покрај масовните протести на земјоделците во Германија во последните недели, јави агенцијата ДПА.
Пред да стапи на сила, законот треба да помине во Горниот дом на германскиот парламент ( Бундесратот). Следната редовна седница на Бундесратот е закажана за 22 март.
Околу 10.000 земјоделци од цела Германија, со механизација, на 15 јануари излегоа на улиците во Берлин, за да им се приклучат на протестите на кои се бара преиспитување на плановите за зголемување на данокот.
Германската коалициска влада сега сака да разговара за можни други начини за нудење олеснување на земјоделскиот сектор и мора да се земат предвид ставовите на земјоделците, се вели во писмото на парламентарните лидери на Социјалдемократите, Зелените и Слободните демократи, пренесе ДПА.
ДПА се повикува на увид во копија од писмото кое е покана до „различните засегнати страни“ на „дијалог за одржливо земјоделство“ на 21 февруари. Темите наведени за дискусија вклучуваат намалување на бирократијата и зајакнување на конкурентноста.
Видете и ова: Илјадници земјоделци го блокираа Берлин, министерот им порача дека нема дополнителни средстваПротестите на германските земјделци се проширија дури и во други земји од ЕУ, како што е Франција.
Како што Радио Слободна Европа порано анализираше, Германската економија е во рецесија по дваесетгодишниот раст.
Кон ова придонесоа најмногу геополитичките промени, како што се прекинот со снабдување на евтин руски гас поради војната во Украина, а потоа и отежнатиот пристап до кинескиот пазар.
Германската економија ја оптоварува и структурен проблем како заостанувањето во дигитализацијата, стареењето на населението и недостигот на работна сила.
Видете и ова: Протест на германските земјоделци пред Бранденбуршката портаВладејачката коалиција на канцеларот Олаф Шолц предложи планови за укинување на даночните ослободувања за земјоделските возила и даночните олеснувања за набавка на дизел. Тие планови се дел од пакетот за пополнување на буџетскиот дефицит од 17 милијарди евра за 2024 година.
Потоа германската Влада делумно попушти, наведувајќи дека ќе се задржи ослободувањето од данок на земјоделските возила и дека ќе се укине намалувањето на даночните олеснувања за дизелот во текот на три години. Сепак, германската асоцијација на фармери соопшти дека сè уште инсистира на целосно повлекување на плановите на владата.