Европската Комисија им се придружи на другите институции во повикот до косовските власти да дозволат доволно долг преоден период за спроведување на уредбата за забрана за употреба на динарот на територијата на Косово.
Ерик Мамер, главниот портпарол на Европската комисија (ЕК), изрази жалење што регулативата е усвоена без претходна консултација.
„Со оглед на влијанието на оваа одлука врз секојдневниот живот на косовските Срби и другите заедници низ Косово, Европската Комисија е особено загрижена за влијанието врз училиштата и болниците, со оглед на очигледното отсуство на алтернативи“, изјави портпаролот на ЕК.
Мамер потврди дека ЕК ја забележува одлуката на Централната банка на Косово да дозволи транзициски период и го повикува Косово да се погрижи овој преоден период да биде доволно долг за да се најде решение преку преговори во рамките на дијалогот што го води ЕУ.
Видете и ова: Стапува на сила одлуката на Централната банка на Косово за плаќање во евраИнаку во Косово на први февруари стапи во сила уредбата на Централната банка на Косово (ЦБК) со која се предвидуваше за плаќање да се користат само евра, со што се прекинува употребата на српскиот динар.
Меѓународната заедница побара Косово да го одложи спроведувањето на оваа одлука, наведувајќи ја загриженоста дека таа може да има негативно влијание врз косовските Срби.
Видете и ова: Со забраната за динарот, Косово се обидува да ја прекине врската меѓу Србите на северот и БелградИстиот ден и портпаролот на ЕУ зборуваше со барање да се овозможи транзициски период за да се најде решение во рамките на дијалогот.
Во изјавата на портпаролот на ЕУ се признава дека регулативата има за цел да ја подобри транспарентноста на финансиските текови, да обезбеди финансиска стабилност и да ја подобри борбата против перењето пари и фалсификувањето. Се додава дека, сепак, декретот ќе влијае и на финансиската поддршка што косовските Срби ја добиваат од Србија.
„ЕУ е загрижена за последиците што оваа одлука може да ги има врз секојдневниот живот на косовските Срби и другите заедници низ Косово поради отсуството на претходни консултации, особено нејзиното влијание врз училиштата и болниците, со оглед на очигледното отсуство на алтернативи во овој момент“, стои во соопштението од ЕК.
Владата на Косово најави дека спроведувањето на регулативата за готовинско работење ќе се одвива преку лесна транзиција. Оваа одлука ја зголеми загриженоста на Србите во Косово, кои од Србија примаат плати и пензии во динари, но и ја користат оваа валута за купување и продавање