Со оглед дека француската влада предложи мерки за решавање на проблемите на земјоделците, двата најголеми синдикати на 1 февруари објавија дека ги прекинуваат протестите и блокадите на патиштата кои ги почнаа за да извршат притисок за зголемување на приходите и кратења на администрацијата што ја попречува нивната работа.
Претседателот на Унијата на млади фармери, Арно Гајо, заедно со првиот човек на најголемиот француски синдикат на земјоделци, ФНСЕА, одржа говор во кој ги повика членовите да престанат со блокадите, кои, и покрај бројните полицајци, го запреа сообраќајот на осум автопатишта на приодите кон Париз.
Видете и ова: Незадоволните земјоделци ги блокираа улиците во Брисел пред самитот на ЕУПремиерот Габриел Атал на 1 февруари презентираше сет мерки за решавање на проблемите на земјоделците кои со денови протестираат ширум земјата поради ниските приходи, строгите регулативи и нелојалната конкуренција од увозот на храна.
„Во Европа се поставува прашањето: Има ли иднина за нашето земјоделство? Секако, одговорот е: Да!“, рече премиерот.
Говорот на премиерот го следеа земјоделците преку телефони и телевизии поставени на местата каде се одржуваа блокадите низ Франција.
Колони трактори го блокираа седиштето на Европската унија во Брисел на 1 февруари, барајќи од лидерите кои се состанаа таму на самитот да обезбедат повисоки приходи за земјоделците и поповолни административни услови.