На 1 февруари, Израел објави дека неговите трупи се борат низ Појасот Газа против милитантите на Хамас, која е означена како терористичка организација од САД и Европската унија (ЕУ).
Израел наведува дека во последните борби биле убиени десетина припадници на Хамас во централниот и северниот дел на Газа, додека израелските воздушни напади биле извршени врз Кан Јунис во јужниот дел на Појасот. Нема независна потврда за овие податоци.
Борбите продолжија додека преговарачите кои разговараа за предложениот нов прекин на огнот чекаа да слушнат дали има напредок во постигнувањето договор меѓу Израел и Хамас што ќе донесе краткорочен прекин на борбите и ослободување на затворениците што ги држеше Хамас во Газа.
Видете и ова: Ирачката милитантна група ги „прекинува“ акциите против САД по нападот во ЈорданНацрт-предлогот произлезе од разговорите во Париз меѓу американските, израелските, катарските и египетските власти претходно оваа недела. Се очекува лидерот на Хамас Исмаил Ханије да отпатува во Каиро за да разговара за планот.
Прашан за деталите од предлогот, портпаролот на Советот за национална безбедност Џон Кирби рече дека ниту еден дел не е конечен додека самиот договор не биде финализиран.
„Ќе ви кажам дека, гледано во поширок аспект, гледаме на продолжена пауза како цел“, им рече Кирби на новинарите. „Колку долго? Сето тоа е дел од дискусиите, но подолго од она што го видовме во ноември, што беше околу една недела“.
Повеќе од 100 заложници земени од Хамас за време на терористичкиот напад на Израел на 7 октомври беа ослободени за време на ноемврискиот прекин на огнот во замена за 240 Палестинци затворени од Израел. Се верува дека Хамас сè уште држи околу 100 заложници.
Кирби рече дека е можно да се извлечат повеќе заложници од Газа доколку има подолг прекин на огнот и дека подолга пауза, исто така, ќе го олесни зголемувањето на протокот на хуманитарна помош за цивилите во Газа.
Хамас повика на траен прекин на огнот и целосно повлекување на израелските трупи од Газа.
Израел вети дека ќе го уништи Хамас, кој владее со Газа, а е прогласен за терористичка организација од САД, Велика Британија, Европската унија и други. Израел ја започна својата офанзива врз Газа веднаш по нападот на Хамас во кој според израелските податоци загинаа околу 1.200 луѓе, главно цивили.
Министерството за здравство на Газа, управувано од Хамас, објави дека бројот на загинати во израелската контраофанзива е 26 900. Министерството не прави разлика меѓу цивилите и милитантите по број, но вели дека повеќето од убиените се жени и деца.
Агенцијата на Обединетите нации за помош на Палестинците (UNRWA) објави дека поради интензивните борби во регионот во последните денови, 184 000 луѓе се пријавиле за хуманитарна помош и избегале поблиску до брегот на Средоземното Море.
Видете и ова: Нетанјаху повика на прекин на мисијата на Агенцијата за палестинските бегалциШефот за хуманитарна помош на ОН Мартин Грифитс на 31 јануари пред Советот за безбедност на ОН изјави дека околу 75 отсто од населението во Газа е раселено и живее во услови кои се „ужасни и се влошуваат од ден на ден“.
Големите донатори претходно го суспендираа финансирањето на Агенцијата на ОН за помош и работа за палестинските бегалци, по израелските наводи дека десетина претставници на UNRWA можеби биле вмешани во терористичкиот напад на 7 октомври.
UNRWA вработува 13 000 претежно палестински персонал во Газа. Агенцијата продолжи со работа од 7 октомври за да обезбеди одредена помош за речиси два милиони раселени Палестинци. Повеќе од 150 припадници на UNRWA се убиени во борбите меѓу Израел и Хамас. Сепак, ОН велат дека помошта наскоро би можела да биде загрозена доколку финансирањето не продолжи.
Од десетината персонал кој Израел го соопшти дека бил вклучен во смртоносните напади, ОН веднаш отпушти девет, потврдено е дека еден е мртов, а властите го разјаснуваат идентитетот на други двајца. ОН отворија внатрешна истрага.