Наставничката која беше тешко ранета на 3 мај минатата година во белградското основно училиште „Владислав Рибникар“ поднесе тужба против таткото и мајката на малолетниот напаѓач кој потоа уби девет ученици и еден училиштен чувар, а рани уште шестмина.
Таа поднела тужба за надомест на нематеријална штета поради физичка болка, страв, намалување на животните активности и понижување, беше потврдено за Радио Слободна Европа од Вишиот суд во Белград.
Ова е трето барање во граѓанската постапка против родителите на малолетниот напаѓач.
Против таткото и мајката се водат и две граѓански постапки по тужби од семејства на жртвите во масовното убиство, а се однесуваат на надомест на нематеријална штета поради смрт на блиско лице.
Видете и ова: Започна судењето за масовното убиство во основно училиште во Белград, родителите на малолетникот негираа винаКривичната постапка против родителите, инструкторот и сопственикот на стрелиштето каде, како што се сомнева, малолетникот вежбал стрелање, започна во понеделникот на 29 јануари.
Во овој судски процес обвинети се мајката и таткото на момчето, М.К и В.К, кое е во притвор од 3 мај, како и Р.И и Н.М., сопственик и инструктор на стрелачкиот клуб каде, како што е наведено во обвинението, сторителот научил да пука.
Против ученикот К.К. нема постапка бидејќи во моментот кога го извршил масовното убиство имал 13 години, поради што не можел да биде кривично гонет со закон.
Таткото В.К. се товари за кривично дело тешки дела против општата безбедност, односно затоа што го обучувал својот 13-годишен син да ракува со воздушно и огнено оружје, го однел на стрелиштето и затоа што не го чувал безбедно своето оружје.
За недозволено поседување оружје е поднесен обвинителен акт и против М.К.
Во обвинението се наведува дека за давање лажен исказ се товарат претседателот на стрелачкиот клуб Р.И. и инструкторот во тој клуб Н.М.
Видете и ова: Родители на убиените деца во „Рибникар“ протестираа во БелградВишото јавно обвинителство во Белград предложи судот да го осуди В.К. на затворска казна од 12 години, М.К на затворска казна од две и пол години, додека затворска казна од по три години беше предложена за сопственикот на стрелачкиот клуб и инструкторот.
На масовното пукање во белградското основно училиште државата одговори со низа мерки – од разоружување на населението до формирање на Совет за борба против врсничкото насилство.
Наредено е и поголемо присуство на полицајци во училиштата и зголемена работа на експерти со деца.