Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков денеска (1 февруари) изјави дека Западот се обидува да ја демонизира Русија за да направи да изгледа како непријател.
Според портпаролот на рускиот претседател Владимир Путин, „Вашингтон прави напори да го префрли товарот на помошта за Украина на рамениците на европските даночни обврзници“.
„Јасно е дека има континуирани обиди на Вашингтон да го префрли финансискиот товар на поддршката за режимот во Киев на рамениците на европските даночни обврзници. Ќе го следиме целиот процес и информациите што го придружуваат. Свесни сме дека Киев продолжува да има проблеми, проблеми доживува и колективниот Запад“, рече Песков.
Видете и ова: ЕУ постигна договор за обезбедување 50 милијарди евра помош за УкраинаЗемјите членки на ЕУ денеска постигнаа договор на нивниот самит во Брисел за доделување пакет помош од 50 милијарди евра за Украина од буџетот на Унијата.
„Имаме договор. Сите 27 лидери се согласија за дополнителен пакет за поддршка од 50 милијарди евра за Украина во рамките на буџетот на ЕУ. Ова значи стабилно, долгорочно, предвидливо финансирање за Украина. ЕУ презема лидерство и одговорност за поддршка на Украина, знаеме што е под ризик“, објави претседателот на Европскиот Совет, Шарл Мишел на платформата X.