Рускиот претседател Владимир Путин денска изјави дека Украина користела американски систем за противвоздушна одбрана „Патриот“ за да го собори рускиот воен транспортен авион „Иљушин Ил-76“ во регионот на Белгород минатата недела, во инцидент во кој Москва тврди дека загинале сите 74 лица во него.
Путин исто така рече дека Русија, како и Украина, сака меѓународна истрага за инцидентот.
Москва го обвини Киев за соборување на авионот Иљушин Ил-76, при што загинаа 74 лица во авионот, вклучително и 65 заробени украински војници за кои рече дека биле на пат да бидат разменети за руски воени заробеници.
Видете и ова: Русија и Украина разменија воени заробенициУкраина ниту потврди ниту демантираше дека го соборила авионот и побара доказ кој бил во авионот.
„Авионот е соборен и тоа дефинитивно го направи американскиот систем Патриот и тоа е веќе утврдено со експертска анализа“, рече Путин.
„Инсистираме да се спроведе меѓународна истрага. Ниту една меѓународна организација не е подготвена да го стори тоа“, додаде тој, велејќи дека Русија официјално бара таква истрага.
Тој исто така рече дека Украина истрелала два проектила кон авионот.