Руската Дума, долниот дом на парламентот, го одобри новиот закон кој ќе им овозможи на властите да го конфискуваат имотот на луѓето осудени за намерно ширење лажни вести за војската.
„Државната дума го одобри законот во трето и последно читање“, објави претседателот на Долниот дом Вјачеслав Володин на својот официјален канал Телеграм.
Видете и ова: САД преземаат чекори за запленување руски имот за помош на УкраинаМерката ќе важи и за оние кои се прогласени за виновни за „дискредитација“ на вооружените сили, за оние кои бараат санкции против Русија и за оние кои се прогласени за виновни за поттикнување екстремистички активности, пишува Ројтерс.
Новиот закон, кој допрва треба да биде одобрен од горниот дом на парламентот и претседателот Владимир Путин, ќе и овозможи на државата да ги заплени имотите на Русите кои ја напуштија земјата и ја критикуваа војната во Украина и продолжуваат да се потпираат на приходите од изнајмување на нивните домови или станови во Русија.