Јеменските бунтовници Хути во среда (31 јануари) соопштија дека истрелале „неколку“ проектили врз американски воен брод во Црвеното Море, неколку часа откако американската војска соопшти дека го соборила проектилот.
„Поморските сили на јеменските вооружени сили, со помош на Семоќниот Бог, истрелаа неколку поморски проектили врз американскиот разурнувач USS „Graveley“ во Црвеното Море“, се наведува во соопштението на Хутите.
Во изјавата што ја емитуваше ТВ Ал-Масира, портпаролот на Хутите изјави дека бунтовничката група усогласена со Иран планира да продолжи да цели на американски и британски воени бродови во Црвеното Море во самоодбрана.
Видете и ова: Испораките доцнат, цените растат заради нападите врз бродови во Црвеното мореХутите, кои ги контролираат најнаселените делови на Јемен, велат дека напаѓаат бродови во Црвеното Море и околу виталниот воден пат во знак на солидарност со Палестинците во војната во Појасот Газа.
Соединетите Држави и Велика Британија започнаа напади врз позициите на Хутите во Јемен и ги вратија тие бунтовници на листата на „терористички“ групи.