Една жртва и дваесетина повредени е билансот од тешката сообраќајна несреќа што попладнево се случила на регионалниот патен правец Битола-Демир Хисар.
Според првичните информации до кои дојде дописникот на МИА од Битола, станува збор за судир меѓу патничко моторно возило и автобус на компанија која превезувала работници од Битола кон населените места во Демир Хисар.
Видете и ова: Нема маски на вевчанските улици, загина млад жител од селотоВо директниот сообраќаен судир меѓу патничкото моторно возило и автобусот на излезот од Битола, според СВР Битола, на место почина 42-годишниот битолчанец К. К. кој бил совозач во патничкото возило „пежо“ со битолски регистарски озnаки со кое управувал К. Ј. (36) од Битола. Во комбето, пак, имало 18 работници и возачот А. С. (25) од село Вирово. Сите 18 патници од комбето и возачот на комбето како и возачот на патничкото моторно возило се пренесени во Клиничка болница во Битола и им е укажана лекарска помош.
Во изјава за МИА, Елизабета Ивановска, директорка на ЈЗУ Клиничка болница-Битола посочи дека веднаш по сообраќајната несреќа, во одделението за ортопедија примени се 13 лица и на сите им е укажана лекарска помош и не се хоспитализирани. Во одделението за неврохирургија прегледани се 4 лица и кај нив е изврешено компјутерско снимање, додека лекарите во одделението за хирургија, кои прегледаа 3 лица повредени во несреќата. Сите лица се надвор од животна опасност, изјави Ивановска.
Во спасувањето на повредените беа вклучени и две противпожарни возила со осум пожарникари.