Европската Унија постигна договор за првиот чекор кон користење на профитот од замрзнатите руски средства за да помогне во плаќањето за обновата на Украина разурната од војната, соопштија официјални лица.
Амбасадорите на ЕУ се согласија за планот за издвојување на профитот од руските средства за на крајот да се користи за плаќање за обновата на Украина, соопшти белгиското претседателство со ЕУ на мрежата Х.
Начелниот договор, постигнат доцна во понеделникот вечерта (29 јануари), допрва треба да биде формално одобрен, но се смета за прв чекор кон користење на дел од 200 милијарди евра средства на руската централна банка во ЕУ за да се помогне во обновата на Украина.
Договорот уследи по долгата дебата за тоа како да се користат руските државни средства кои беа блокирани од западните институции веднаш откако Москва ја започна својата инвазија на Украина пред речиси две години.
Видете и ова: На самитот в четврток европските лидери ќе ветат продолжување на воената поддршка за УкраинаЕУ замрзна околу 200 милијарди евра (220 милијарди долари) од средствата на руската Централна банка, при што околу 90 отсто од тие средства се во сопственост на меѓународната депозитна организација Еуроклиар, со седиште во Белгија.
Едноставно конфискување на сите тие пари и нивно инвестирање во обновата на Украина не се смета за опција, бидејќи може да ги потресе меѓународните пазари и да го поткопа еврото.
Некои земји, особено Белгија, предложија воведување на вонреден данок на замрзнатите средства што може да му донесе на Киев околу три милијарди евра годишно.
Иако користењето на замрзнатите руски средства, кои сега се неискористени, изгледа како практичен чекор, многумина стравуваат дека тоа би можело да и наштети на позицијата на ЕУ на глобалните финансиски пазари.
Видете и ова: САД преземаат чекори за запленување руски имот за помош на УкраинаПрашањето за замрзнати руски средства оди подалеку од ЕУ, бидејќи Брисел дејствуваше заедно со членовите на групата индустриски развиени земји Г7 за замрзнување на руските средства. Соединетите Држави сакаат колективна одлука на Г7 за тоа како да се користат руските пари.
Дипломатите велат дека Вашингтон сè повеќе се залага за целосно конфискација на сите замрзнати руски средства, но дека Европејците одбиле.
Прашањето за замрзнати средства доаѓа во инаку тешко време за Украина, бидејќи континуираната поддршка од Запад се соочува со политички пречки и во Вашингтон и во Брисел.