На самитот в четврток европските лидери ќе ветат продолжување на воената поддршка за Украина

илустрација

Лидерите на Европската Унија ќе ја повторат својата решеност да продолжат да обезбедуваат „навремена, предвидлива и одржлива воена поддршка“ за Украина на самитот во четврток, се вели во нацрт-заклучоците од состанокот.

„Европскиот Совет, исто така, ја повторува итната потреба да се забрза испораката на муниција и ракети“, се наведува во нацрт-текстот во кој увид имаше агенцијата Ројтерс.

Нацрт-заклучоците на самитот го оставаат отворено прапањето, дали лидерите ќе се обврзат да инвестираат уште пет милијарди евра помош за Украина во фонд наречен Европски мировен фонд, кој се користеше за финансирање на донации на оружје за Киев.

Видете и ова: Унгарија „отворена“ за ревизија на буџетот на ЕУ за да и помогне на Украина

Членките на ЕУ со месеци се расправаат за иднината на улогата на фондот во воената помош за Украина, а Германија сугерира дека фокусот сега треба да биде ставен на билатералната помош од поединечни членки на ЕУ.

Главна тема на самитот во четврток во Брисел е напорот да се постигне договор за пакет финансиска помош за Украина во вредност од 50 милијарди евра за четири години, што беше блокирано од Унгарија на претходниот самит во декември.