Претреси кај лица за кои постои сомневање дека се поврзани со случајот Онкологија

илустрација

Утринава се вршат претреси кај лица за кои постои сомнеж дека се поврзани со скандалот на Клиниката за онкологија.

Претресите се по наредба на јавен обвинител, а повеќе детали, надлежните институции најавуваат во текот на денот.

„Се преземаат дејствија по наредба на јавен обвинител. Штом имаме повеќе информации ќе споделиме“, велат од Обвинителството.

Видете и ова: Меџити бара резултати од истрагата за случајот на онкологија

Веќе неколку месеци се истражува дали и како била крадена скапата терапија која треба да спасува животи на заболени од рак, откако во медиумите беше откриена оваа афера.

Освен дека на Клиниката за онкологија се крадела терапија за болни од карционом, медиумите отворија сомнежи и дека пациентите добивале и физиолошки раствор, а терапијата завршувала на црниот пазар.

Претреси имаше и пред неколку месеци, по што Обвинителството отвори предистражна постапка.

Собранието на крајот на септември формира Анкетна комисија која требаше да утврди политичка одговорност за скандалот со Клиниката за онкологија и радиотерапија. Пред Анкетната комисија излагање имаа поранешни министри за здравство, актуелни и поранешни директори на Клиниката за онкологија, директори на Фонд за здравство, како и директори на други институции.