Косовскиот премиер Аљбин Курти им порача на амбасадорите на земјите од „Група Квинт“ и на шефот на канцеларијата на Европската унија (ЕУ) во Косово дека единствена валута дозволена за употреба во готовинските трансакции е еврото, по одлуката на Централната банка на Косово (ЦБК) да го суспендира српскиот динар.
Во таканаречената „Група Квинт“ се САД, Германија, Велика Британија, Франција и Италија.
Минатата недела, Централната банка на Косово издаде декрет со кој бара сите трансакции во готовина насекаде во Косово да се вршат во евра, почнувајќи од 1 февруари.
Видете и ова: Со забраната за динарот, Косово се обидува да ја прекине врската меѓу Србите на северот и БелградЗа време на средбата со амбасадорите на 26 јануари, Курти побарал од земјите од Квинте да ја почитуваат одлуката на Централната банка, се вели во соопштението на Владата на Косово.
„Премиерот Курти на средбата ја истакна важноста сите да ја почитуваат уставноста и законитоста на државата, како и да ги почитуваат независните органи, во случајов Централната банка“, пишува во соопштението.
Средбата на Курти со амбасадорите на САД, Велика Британија, Германија, Франција и Италија следуваше неколку дена откако САД ја повикаа Владата на Косово да ја разгледа одлуката на ЦБК за динарот, додека ЕУ побара појаснување за одлуката.
Повеќе од две децении, охрабрени од Белград, жителите на десет косовски општини со мнозинско српско население ја користат српската валута за сè, од плати и пензии до плаќања во продавници и ресторани.
Видете и ова: САД бараат од Косово да ја преиспита одлуката за укинување на динаротСпоред одлуката на ЦБК, сега динарите може да се чуваат само на банкарски сметки или да се менуваат за евра. При донесувањето на одлуката, ЦБК се повика на дефиницијата од Уставот на Косово за „единствена валута“ како валидно платежно средство.
Со години динарите пристигнуваа во Косово преку Народната банка на Србија, која има трезор во општина Лепосавиќ, на северот на Косово. Тие пари ги транспортирала компанијата за транспорт на пари, „Хендерсон“.
Најголемата српска партија на Косово, „Листа Србија“, не ја поздрави одлуката на ЦБК и во соопштението од 18 јануари оцени дека таа го загрозува опстанокот на Србите на Косово.
Според Српска листа, креаторите на политиката на Косово се обидуваат да ги протераат Србите „без употреба на оружје“.
На 17 јануари Централната банка на Косово објави дека од 1 февруари единствена валута за готовина и платежни трансакции ќе биде еврото. Како што велат, ваквата одлука донеле врз основа на Уставот на Косово и законот.
Видете и ова: Од први февруари, еврото единствена валута во КосовоДинарот, инаку официјалната валута на Србија, досега можеше да се користи во трговските објекти во сите српски области на Косово.
Во регулативата на Централната банка на Косово, стои дека увозот и извозот на банкноти и монети евра, како и на други валути, ќе се увезуваат во Косово исклучиво преку Централната банка на Косово.
Регулативата на Централната банка на Косово, исто така, наведува дека другите валути, освен еврото, можат да се користат во Косово само како вредност за чување во физичка форма или на банкарски сметки во валути различни од еврото, за вршење меѓународни плаќања со различни валути од еврото и за девизните активности.