Агенцијата на Обединетите нации за палестински бегалци (УНРВА) во петокот соопшти дека отворила истрага против неколку вработени осомничени за вмешаност во нападот на 7 октомври врз Израел од страна на Хамас, како и тоа и дека ги прекинале врските со тие членови на персоналот.
„Израелските власти и доставија на УНРВА информации за наводната вмешаност на неколку вработени на УНРВА во ужасните напади врз Израел на 7 октомври“, изјави Филип Лазарини, генерален комесар на УНРВА.
„За да ја заштитам способноста на агенцијата да доставува хуманитарна помош, донесов одлука веднаш да ги раскинам договорите на овие членови на персоналот и да започнам истрага со цел да се утврди вистината без одлагање“, додаде Лазарини.
Лазарини сепак не го откри бројот на вработени наводно вклучени во нападите, ниту природата на нивната наводна вмешаност. Тој, сепак, рече дека „секој вработен во УНРВА кој бил вклучен во акти на терор ќе биде повикан на одговорност, вклучително и преку кривично гонење“.
Видете и ова: Меѓународниот суд на правдата му нареди на Израел да преземе мерки за да спречи геноцидПортпаролот на израелската влада Ејлон Леви ја обвини УНРВА дека ја објавува веста додека вниманието на светот беше насочено кон Меѓународниот суд на правдата кој му нареди на Израел да спречи чинови на геноцид врз Палестинците и да направи повеќе за да им помогне на цивилите во Газа.
„Во кој било друг ден, ова ќе беше главен наслов: Израел доставува докази за соучесништво на вработените во ОН со Хамас“, напиша Леви на социјалната мрежа Х, порано позната како Твитер.
Антонио Гутереш, генералниот секретар на Обединетите нации, е информиран за наводите, соопшти неговиот портпарол.
„Генералниот секретар е згрозен од оваа вест“, рече портпаролот Стефан Дужарик.
Видете и ова: Најмалку девет лица загинаа во напад врз центар за обука на агенцијата на ОН во ГазаДужарик додаде дека Гутереш побарал од Лазарини да спроведе истрага со која ќе се утврди колку вработени во УНРВА учествувале или го поттикнале нападите на 7 октомври и истите веднаш да бидат упатени на потенцијално кривично гонење.
„Ќе биде спроведен итен и сеопфатен независен преглед на УНРВА“, додаде Дужарик.
Војната меѓу Хамас и Израел започна на 7 октомври минатата година, за време на ненадеен напад врз јужен Израел во кој беа убиени повеќе од 1.200 луѓе.
Овој напад на Хамас, потоа предизвика воздушен и копнен напад на израелските сили што го претворија поголемиот дел од Газа во пустош.