Русите во странство ќе можат да гласаат на претседателските избори во март, дури и ако живеат во „непријателски“ земји кои воведоа санкции кон Москва поради војната во Украина, објави во петокот Министерството за надворешни работи на земјата.
Портпаролката Марија Захарова изјави дека избирачките места ќе бидат во сите земји каде Русија има дипломатски претставништва.
Актуелниот претседател на Русија, Владимир Путин, се очекува да го продолжи своето владеење за уште шест години на изборите одржани од 15 до 17 март.
Антивоениот кандидат, Борис Надеждин, води кампања против него, но Кремљ соопшти дека не го смета за сериозен ривал.
Видете и ова: Харинтонов втор пат ќе се соочува со Путин на избориЗахарова рече дека Русија ќе покани странски набљудувачи на изборите од Комонвелтот на независни држави, група земји кои беа дел од Советскиот Сојуз, како и од Шангајската организација за соработка, која ги вклучува Кина, Индија, Пакистан и Иран.
Таа рече дека би било „чудно“ доколку Русија покани „русофобични“ набљудувачи на изборите од Советот на Европа.