Агенцијата на Велика Британија: Ракети и експлозии забележани во близина на Јемен

Сенката на шиитските бунтовници, познати како Хути, кои од 19 ноември напаѓаат бродови во Црвеното море.

Сенката на шиитските бунтовници, познати како Хути, кои од 19 ноември напаѓаат бродови во Црвеното море.

Управата на Обединетото Кралство за поморски трговски операции (УКМТО) во петокот на 26 јануари соопшти дека брод кој се наоѓа на околу 60 наутички милји од јеменскиот град Ал Худејд пријавил дека се слушнала експлозија и дека се воочени ракети на неколку милји од оваа положба.

Управата додава дека новата експлозија во море е регистрирана на отприлика 0,5 наутички милји од бродот кој ја пријавил.

Екипажот и бродот се безбедни, соопштија од УКМТО.

Танкер за нафта со знамето на Панама пријавил дека забележал две експлозии во Аденскиот залив, соопшти приватната безбедносна компанија „Ембри“.

Оваа компанија соопшти дека проектилите експлодирале на околу една милја од нафтениот танкер кој е поврзан со Индија и се наоѓа на 200-300 метри над водената линија.

Ова пак се разликува од соопштението на УКМТО, од каде известија дека проектилите детонирале во вода.

Видете и ова: Кои се јеменските Хути и зошто се нападнати?

„Целта на нападот беше нејасна во времето кога се објави извештајот. Не е пријавена никаква штета“, соопштија од „Ембри“.

Хутите кои се ориентирани кон Иран, а кои го контролираат поголемиот дел од Јемен, таргетираа бродови со дронови и проектили од 19 ноември во Црвеното море во знак на солидарност со Палестинците во Газа.

Хутите тврдат дека напаѓаат бродови кои се поврзани со Израел. САД пак и други земји минатиот месец формираа поморска оперативна група, „Просперити Гардијан“, за да ги заштитат цивилните бродови.

САД и Велика Британија започнаа со воздушни напади на силите на Хутите и Јемен како одмазда за нападите на бродови во Црвеното море.