Заедничката пратеничка група на АфД и Националната група (РН) во Европскиот парламент би можела да биде на работ на колапс. Лидерката на фракцијата на РН, Марин Ле Пен се закани дека ќе го растури сојузот.
Причината, според Ле Пен, се извештаите за тајната средба во Потсдам меѓу политичарите на АфД и десничарските екстремисти за масовното протерување луѓе со мигрантско потекло од Германија.
„Целосно не се согласувам со предлозите за кои беше кажано дека се разговарало на оваа средба“, рече Ле Пен, мислејќи на плановите за кои се разговараше во Потсдам.
Видете и ова: Десничарската партија Татковина доби забрана за државни пари од германскиот Уставен судТаа додаде дека мора да се испита дали тоа ќе има последици за заедничката група во ЕУ Парламентот.
„Никогаш не сме ја бранеле политиката на повторна емиграција. Ќе мора да разговараме за овие многу големи разлики во мислењата. Никогаш не сме ја бранеле политиката на повторна емиграција што би вклучувала одземање на француското државјанство што го добиле, дури и ако ги критикуваме условите за негово добивање“, истакна Ле Пен.
Инаку деновиве Мартин Селнер, долгогодишен портпарол на австриското десничарско екстремистичко „Движење за идентитет“, претстави план за такво масовно протерување, наречено „ремиграција“.