Турција ја финализираше ратификацијата на членството на Шведска во НАТО, оставајќи ја Унгарија како единствена членка на западната воена алијанса која сè уште не го одобрила влезот на претходно неврзаната скандинавска земја.
Шведскиот премиер Улф Кристерсон го поздрави потегот на Турција, на мрежата Х напиша дека тоа е клучен чекор на патот на Шведска кон членство во НАТО.
Турскиот парламент го поддржа приемот на Шведска на гласањето во вторникот по повеќе од една и пол година застој што ги фрустрира другите западни сојузници кои тврдеа дека влезот на Шведска ќе го зајакне НАТО.
Во четвртокот, турскиот службен весник ја објави парламентарната потврда за членството на Шведска и претседателскиот декрет за одобрување на протоколот за пристапување во Стокхолм, со кој се заврши процесот на ратификација во Турција.
Шведска, заедно со Финска, го напуштија традиционалното воено неврзување за да побара заштита под безбедносниот чадор на НАТО по руската инвазија на Украина во февруари 2022 година.
Финска се приклучи на алијансата во април, станувајќи 31-ва членка на НАТО, откако турскиот парламент ја ратификуваше кандидатурата на нордиската земја.
Видете и ова: Турскиот парламент се очекува да ја одобри канидатурата на Шведска за НАТОТурција продолжи да се спротивставува на кандидатурата на Шведска, обвинувајќи ја земјата дека е премногу попустлива кон групите кои Анкара ги смета за закани за безбедноста, и побара серија отстапки од Стокхолм, вклучително и чекори за спротивставување на курдските милитанти.
Анкара, исто така, беше незадоволна од серијата демонстрации на поддржувачите на турската забранета Курдистанска работничка партија (ПКК) одржани во Шведска, како и од протестите со палење на Куранот што ги вознемирија муслиманските земји.
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган тогаш ја поврза ратификацијата со желбата на Турција да купи борбени авиони од САД. Тој, исто така, ја повика Канада и другите членки на НАТО да го укинат ембаргото за оружје наметнато на Турција поради загриженоста за човековите права.
Видете и ова: Орбан го поканил шведскиот премиер на преговори за членство во АлијансатаОткако Турција ја финализира ратификацијата, сите очи сега се насочени кон Унгарија. Гласањето за протоколите за прием на Шведска во НАТО се уште не е на дневен ред на унгарскиот парламент, а освен ненадејна итна седница, тешко дека прашањето ќе се најде пред парламентарците барем до крајот на февруари.