Вкупно 39 години затвор за несреќата кај Ласкарци

илустрација

Вкупно 39 години затвор добија осудените шестмина за автобуската несреќа која пред речиси пет години се случи кај Ласкарци во близина на автопатот Скопје- Тетово, а во која загинаа 16 луѓе и над 30 беа повредени.

Најголема затворска казна доби возачот на автобусот Маноил Трифуновски, 14 години, додека газдата на фирмата „Дурмо Турс“ во чија сопственост е автобусот, Дурмиш Белули доби 4 годишна казна затвор.

Одговорниот за транспорт во фирмата Ремзи Мифтари беше осуден на 6 години затворска казна, додека вработените во техничкиот центар на истоимената фирма, Игор Ѓорѓиевски, Горан Дуковски и Јане Боварски, добија по пет години казна затвор како соучесници.

Видете и ова: Правда и вистината очекуваат роднините на загинатите во Ласкарци

Судот им одреди и споредна казна на сите обвинети, а тоа е забрана за вршење на должност во времетраење на пет години. Во годините затвор ќе им се пресмета и притворот кој досега го поминале во исчекување на пресудите.

Фирмата „Дурмо Турс“ по автобуската несреќа продолжи да сообраќа на трасата Скопје – Гостивар.